Девет стана, скутер, BMW, сефови, земјиште – од пријавената сопственост на Панчевски


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Девет стана, скутер, автомобил BMW, градежно земјиште, банкарски сефови – овој имот е наведен во анкетниот лист до Државната комисија за спречување на корупција од страна на бившиот претседател на скопскиот Основен суд 1, а сегашен судија за прекршоци во истиот суд, Владимир Панчевски.

Од сите станови, Панчевски како што е наведено во анкетниот лист, само еден го стекнал со договор за купопродажба, и тоа овој стан е на име на неговите родители. За останатите станови стои дека се стекнати со наследство, а вкупната површина на сите заедно изнесува 740 метри квадратни и сите се во Скопје.

Поседува и два банкарски сефови кои се личен имот, како и два на име на неговите родители. Има и кредит, градежно земјиште, деловен простор, куќа.

Државната комисија за спречување на корупција испитува дали постои злоупотреба и коруптивни дејствија кои ги сториле претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, поранешната членка на Судскиот совет Александра Зафировска, судијката Сафија Лаличиќ, Светлана Костова од Вишиот управен суд и поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски.

Судиите се под лупа на ДКСК по извештајот на Стејт департментот, а дали постои злоупотреба ќе се испитува преку проверка на нивните анкетни листови за имотната состојба и доставените изјави за интереси.