Девет мотоцикли низ Македонија одземени заради создавање преголема бучава или истечена сообраќајна дозвола


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За време на рутинските сообраќајни контроли по македонските улиците и патиштата биле одземени девет мотоцикли поради истечена сообраќајна дозвола или пак заради создавање голема бучава.

Казни им се напишани на вкупно 214 возачи на мотоцикли. Од нив, 128 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 39 возеле без возачка дозвола, а изречени се и казни за други прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.