Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бруто-домашниот производ (БДП) во Русија се намалил за четири отсто во третиот квартал, според прелиминарната проценка на руската национална статистичка агенција Росстат.
Падот на БДП следи по сличното намалување од четири отсто во вториот квартал бидејќи западните санкции ја оптоваруваат руската економија по офанзивата на Москва во Украина.
Сепак, намалувањето на економското производство за четири отсто меѓу јули и септември беше помал од падот од 4,5 отсто што го очекуваа многу аналитичари. Падот е предизвикан од падот на продажбата на големо од 22,6 отсто и на малопродажбата од 9,1 отсто.
Во меѓувреме, градежништвото достигнало пораст за 6,7 отсто, а земјоделството за 6,2 отсто.
Рецесијата вообичаено се дефинира како два последователни квартали на економска контракција, а Русија последен пат доживеа техничка рецесија кон крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година за време на пандемијата со коронавирус.
На почетокот на 2022 година, руската економија го зголеми БДП на 3,5 отсто, но почетокот на офанзивата во Украина предизвика низа санкции од Западот. Откако беше погодена од западните санкции, банките драстично ја зголемија основната стапка од 9,5 проценти на 20 отсто во обид да се спротивстават на инфлацијата и да ја поддржат рубљата.
На 8. ноември, Централната банка предвиде дека БДП ќе се намали за 3,5 отсто оваа година, а ММФ и Светската банка соодветно проценуваат пад на рускиот БДП од 3,4 проценти и 4,5 отсто.