Девет години затвор за Ѓоко Поповски за случајот „Триста“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бившиот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски беше прогласен за виновен за злоупотреба на службена положба и овластување и му беше изречена казна затвор од 9 години за случајот „Триста“.

Пред изрекување на пресудата за случајот “Триста” судијката Добрила Кацарска нагласи дека на Поповски му се судеше за злоупотреба на службената положба и овластување. Кацарска рече дека ќе има анализа на сите докази кои беа изведени, но денес ќе се осврне на дел од нив.

Според судијката, неспорно е дека Поповски ја донел и потпишал одлуката за јавна набавка на 300 возила. Набавката на возилата била поделена во три лота, и наместо најповолниот економски понудувач, Поповски склучувал договори со други фирми за набавка на возила.

Судот цени дека Извештајот за постапката бил спротивен на Законот за јавна набавка и Поповски не смеел да го прифати, рече судијката Кацарска и овде предметот најповолна понуда не е запазен.

Договорниот орган, во случајот МВР е должен да наведе критериуми за набавката и тие не смеат да се менуваат. Комисијата, спротивно на законот, предложила да се изврши набавка на различни видови возила, но не и од лотовите.

Во случајов била нанесена штета од 27.894.522 денари.