Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски ја напушти клиниката од Жан Митрев


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Единствениот лиценциран детски кардиохирург Владимир Чадиковски си даде отказ во болницата „Жан Митрев“ на Жан Митрев.

Информацијата дека си дал отказ Чадиковски ја потврди за Канал 5 телевизија, без да открие повеќе детали, иако во јавноста се шпекулира дека оставката е резултат на недоразбирањата со менаџментот на болницата.

Неофицијално, заедно со истакнатиот детски кардиохирург, клииниката ќе ја напуштат и уште неколкумина други доктори, кои беа дел од неговиот тим.

Чадиковски е единствен лиценциран детски кардиохирург. На клиниката за детска хирургија работеше 20-тина години по што пред пет месеци направи трансфер во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови, откако државата и болницата на Жан Митрев се договорија Фондот да ги покрива операциите.

Неофицијално, тој ќе замине да работи во друга приватна болница.