Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Експертите од областа на детската психологија и воспитување велат дека детето уште до својата седма година веќе ги усвоило вредностите и начинот на однесување од својата најблиска околина. Затоа е важно да се однесуваме онака како што сакаме нашите деца да се однесуваат.
Немојте да му забранувате на детете да гледа во мобилниот телефон, ако и вие го правите истото цело време.
Немојте да инсистирате детето да оди на три тренинзи дневно, а вие по цел ден дремете пред телевизор.
Немојте да го терате детето да јаде здрава храна, а да дозволите да ве гледа како јадете пици и чоколади и дополнително да ве гледа како после тоа палите цигара.
Не го терајте детето да чита книги, кога и вие последен пат сте прочитале книга кога сте биле на факултет.
Не очекувајте вашето дете да биде мирно и добро воспитано, а вам да ви биде дозволено дерење, пцуење и кршење.
Не му купувајте расно куче на детето, а истовремено да клоцате и бркате улични кучиња.
Не го терајте детето да го сака и почитува училиштето, додека ве слуша како ја озборувате неговата учителка и велите дека е глупава или проста.
Немојте да бидете презафатени за вашето дете и истовремено да не излегувате од кафеани и кафулиња.
Не посакувајте детето да биде одговорно, кога вие заборавате да го земете навреме од училиште, да платите за екскурзија или да отидете на натпревар или приредба.
Не бидете сурови кон вашите родители, затоа што не може потоа да очекувате и вашето дете да ве почитува вас.
Никогаш, ама баш никогаш немојте да заборавите дека децата учат од своите родители. Сѐ што им замерувате го виделе од вас!