Децата на руски тајкун му избраа студентка за сопруга во бизарно реално шоу


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Студентката Јулија Свешникова (29) се мажи за рускиот олигарх Константин Шербинин (55), откако беше избрана од неговите деца во бизарното реално шоу „Милионер за брак“.

Скоро 2.000 девојки се пријавија за учество во шоуто со желба да станат сопруга на нафтениот тајкун и да уживаат во луксузни вили, јахти и приватни авиони. Младенката беше избрана од страна на петте деца на Шербинин, од кои две се повозрасни од неа. Ова за тајкунот ќе биде шести и, како што најави тој, последен брак во животот.

Јулија се пресели во Москва од мало место на истокот од Сибир и немала доволно пари за живот. Работела половина работно време и студирала истовремено.

„Бестрашна сум. Донесов одлука да се преселам во Москва и го направив тоа. Дојдов со празни џебови. На тоа ретко кој би се осудил. Денес сум победничка“, изјави таа покажувајќи го дијамантскиот венчален прстен.

На идниот сопруг му кажала дека е спектакуларна, љубезна и отворено, што било доволно тој да „падне“ на неа.

„Ми даде пролет и тоа многу ми значи. Ја чувствувам твојата искреност, го ценам тоа. Мажите се ловци и мора да го разберете тоа. Не сакаат лесен плен. Моите деца се сè што сум имал. Денес те избрав тебе. Никогаш не сум имал девојка како што си ти“, изјави милионерот.

Шербинин имал пет брака и две сериозни врски.

„Тато, сакаме да бидеш среќен. Секогаш ќе те поддржуваме и на твоја страна сме. Се надеваме дека ова е вистинскиот избор за тебе и дека ќе бидете среќни и вљубени. Исто така, се надеваме на уште еден брат или сестра“, му порачаа неговите деца.