Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За време на семејниот одмор во Италија, додека уживале на приватна јахта, Дејвид и Викторија Бекам биле посетени од поморската полиција, пренесува британски „Сан“.
Доаѓањето на поморската полиција се случило откако неговите деца, 16-годишниот син Круз и 10-годишната Харпер, се возеле со џет-скии. Еден од минувачите кој се нашолна брегот во близина на јахтата на Бекам, за британските медиуми изјавил дека за да возите џет-ски во Италија треба да имате дозвола што може да се добие од 18-годишна возраст.
Тој додал дека полициското испрашување траело околу 45. минути, но дека сè изгледало прилично пријателски.
– Дејвид се сончаше и веднаш стана од палубата и се спушти да се справи со тоа. Тој ги повика децата да се вратат и тие веднаш ги закотвија џет скиите. Во еден момент полицајците побараа документи, а Дејвид потоа им ги покажа. Ми се чини дека тие веќе препознаа за кој станува збор, дури го замолија и за селфи – раскажал очевидецот, кој тврди дека полицијата на крај се поздравила со поранешниот фудбалер и си заминала.
David Beckham is ‘quizzed by police in Italy after his children Cruz, 16, and…https://t.co/zzlUjishmX
— Newsunplug (@newsunplug) July 25, 2021
Семејството Бекам пристигна во Италија минатата недела. Покрај Круз и Харпер, на Дејвид му се придружи и неговата сопруга, дизајнерката Викторија, како и нивните синови Ромео и Бруклин. Со нив е и свршеницата на Бруклин, Никола Пелц.