Деца живеат во ужас од ѓубре – што се случува на депонијата „Буково“?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Депонија Буково, на пат Охрид – Ресен. Тука живеат и деца, без струја, без вода, без покрив над главата и деца кои никогаш не биле на училиште. Живеат во ѓубре. Едно братче и сестриче живеат сами во шатор, затоа што мајката ги напуштила.

А, животните ги земаат, ги врзуваат и дозволуваат да доаѓаат ловџии и да се вежбаат на нив“.

Со овој статус и споделените слики, од кои дел ви ги пренесуваме тука, преку социјалната мрежа Фејсбук е алармирана македонската јавност за ужасните услови и фрапантно тажната судбина на двете дечиња кои се фотографирани кај охридската депонија.

Со означување на фотографиите и самата објава се алармираат и повикуваат да дејствуваат највисоките надлежни органи со цел дечињата веднаш да се згрижат на човечки услови за живеење.

А ние се прашуваме дали општествено-социјалното дно во кое живееме (а кое веќе се наоѓа високо над нашите глави, па ние му доаѓаме како поголемо дно од самото тоа) има крај? Очигледно не.