Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Повеќето родители секојдневно мака мачат со своите деца за да јадат повеќе зеленчук и здрави намирници. Благодарение на науката, постои начин како вашето дете да изеде повеќе.
Трикот е во сервирањето, заклучува една австралиска студија спроведена од Deakin University’s Centre for Advanced Sensory Science. Тестирале 72 деца во пониските одделенија од основно училиште. Еден ден им дале 500 грама цели моркови, а другиот ден истата количина, но исечени на тркалца. Се покажало дека децата за 10% јадат повеќе морков кога им бил сервиран цел.
„Објаснувањето е сосема логично: порцијата на чинија за децата претставува норма која мора да ја исполнат, односно да изедат се што има во него, а тоа автоматски ги одбива. Вака сами си дозираат колку што сакаат, а истражувањето покажа дека јадат и повеќе“, вели д-р Ги Лием, шеф на истражувањето за Дејли Меил.
Тој тврди дека овој заклучок може да се примени и во обратен случај, односно кога им давате на децата чоколадо. Според него, подобро е да им се даде иситнето на коцки во порција, бидејќи така ќе изедат помалку.
Па, родители, пробајте!