Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Виетнамските спасителни служби се обидуваат да ослободат 10-годишно момче кое пропадна во длабоко и тесно бетонско окно на градилиште.
Ли Хао Нам барал старо железо кога на новогодишната ноќ паднал во шуплив бетонски куп во провинцијата Донг Тап, пренесуваа локалните медиуми.
Оттогаш, спасувачките тимови се борат да го ослободат, пумпајќи кислород во потпорната ѕид длабок 35 метри за да може да дише. Првиот ден спасувачите можеле да го чујат детето, но денеска не добиваат ракција од него. Спасувачките екипи денеска спиштија камера во дупката.
„Даваме се од себе. Сè уште не можеме да кажеме каква е состојбата на момчето“, изјави за новинската агенција АФП, спасувач на градилиштето на мостот во делтата на Меконг. Спасувачите се зачудени од фактот дека дедето паднало во чиј дијаметар е само 25 сантиметри.
Екипите на итната помош се обиделе да го подигнат купот со кранови и багери, но засега безуспешно. Тие, исто така, ја омекнаа земјата околу столбот за да се обидат да го ослободат, но тоа го навали и го комплицираше спасувањето, објави новинската агенција Ројтерс.