Деталите за пречекот и прославата со шампионите!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако прво беше најавено дека авионот на Вардар ќе пристигне во 16:15 часот сепак не е така.

Чартер летото кој беше закажан за во тоа време е откажан и сега има промена. Авионот на Вардар во 16:15 ќе полета, а негово пристигнување се очекува помеѓу 18:15 и 19:00 часот.

На фан страната на навивачите на Вардар, „Комити“ беа објавени и детали од прославата.

„Никогаш не го потценувај СРЦЕТО НА ШАМПИОНОТ !!!

Парадата на Гордоста започнува со Собирот пред салата Јане Сандански во 17:00ч. Од таму заедно се упатуваме кон Аеродромот Александар Велики со Дефиле од илјадници автомобили, мотори (Ноќни Волци), автобуси (организирани од ЈСП), велосипеди, тротинети на пречек на хероите. Од таму заедно во ГОЛЕМО ДЕФИЛЕ се упатуваме кон Плоштадот Македонија на голема Заедничка прослава…
Ја Повикуваме цела Црвено-Црна Армија и цел Македонски народ заедно да ја прославиме Втората Европска Титула но пред се да го почувствуваме на голема сцена тоа Шампионско срце кое не направи сите да се чувствуваме горди, со исполнети души и срца !!!
Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 Роденден !!!

– ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ЈСП ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ПРЕЧЕКОТ !!!

За дожувувањето да е комплетно и Титулата да ја прославиме во вистинска навивачка атмосфера се погрижи СКОПСКА ПИВАРА која ќе не освежи со ладно СКОПСКО ПИВО. На Собир пред сала !!!

– ДЕФИЛЕТО ЗАЕДНО СО КОМИТИ и Црвено-Црната Армија ќе го предводат НОЌНИТЕ ВОЛЦИ !!!

СОБИР: Сала Јане Сандански 17:00ч.
СТАРТ НА ДЕФИЛЕТО КОН АЕРОДРОМ: Околу 17:30ч.
Авионот Слетува околу 18:30ч.
А од Аеродром СИТЕ ЗАЕДНО – На ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА !!!“, стои во соопштението на Фејсбук страната.