Home Актуелно Детали за страшната сообраќајка: Тројцата малолетници во тешка состојба, докторите се борат за нивните животи

Детали за страшната сообраќајка: Тројцата малолетници во тешка состојба, докторите се борат за нивните животи

Три од четирите деца кои со „форд мондео“ околу 4.30 по полноќ се забиле во метална бандера и бетонска жардињера на булеварот „Мајка Тереза“, познат како „Водњанска“, се со многу тешки повреди и во животна опасност, потврдуваат за Канал 5 од ТОАРИЛУЦ – Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар.

Двајца од нив се во операциона сала, а лекарите се борат за да ги спасат нивните животи, велат оттаму.

Во меѓувреме, петнаесетгодишникот кој го управувал возилото е во стабилна состојба и завршил само со скршеници на подколеницата, информираат од „Осми септември“, градската болница каде тој бил донесен по незгодата.

Фото: МКД.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…