Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бившиот специјалец Игор Спасов, кој беше осуден за убиство на Мартин Нешковски во Скопје и беше во бегство, бил фатен во Софија во стан во областа Младост.
Бугарската полиција добила сигнал дека тој се крие таму, по што интервенирала и го уапсила. Според информациите, Спасов не пружал отпор при апсењето. Вечера беше објавено дека Спасов е фатен во Софија околу 15 часот. Постапката сега е предадена на Министерството за правда од каде е започната постапка за негова екстрадиција.
Обвинителството по допрен глас во почетокот на ноември 2019 година отвори предистражна постапка за овој предмет. Од тогаш, па сѐ до денес се испитува дали специјалецот користел лажна документација за болест за да го избегне одењето во затвор и на крајот на побегне.
Кога Спасов не се врати во затвор, од Основниот суд во Штип до затворот во Идризово немаше испратено никакво известување, иако за сите претходни прекини на издржување на затворската казна затворот уредно беше известуван од судот.
Последниот пат пред да побегне известување од судот немаше. Известувањето од таму стаса по неколку дена. Но опфатени беа постапувањата откако затворот Идризово ги известил дека Спасов не се вратил на доиздржување на затворската казна, ниту пак го оправдал своето отсуство.
На 30 октомври, 2019, МВР распиша потерница по Спасов.
Поранешен припадник на „Тигрите” беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор.
Полицискиот поранешен специјалец тврдеше дека не го убил Нешкоски и дека е подготвен тоа да го докаже со полиграфско тестираше.
Спасов тврдеше дека на плоштадот бил службено и дека последен пат кога го видел Нешкоски тој бил жив.
Пред судот раскажа дека не го познавал Нешкоски и дека немал никаков мотив за да го убие.