Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во јавноста се објавени детали од посмртниот тестамент на славниот кулинар и готвач Ентони Бордејн кој минатиот месец изврши самоубиство и ја шокираше светската јавност со неговата смрт.
Од нив се гледа дека нема ништо верно во информациите дека неговото богатство изнесува 16 милиони долари. Износот е всушност значително помал – 1,21 милиони долари.
Според документите, кои беа внесени во судот, Бордејн има 425.000 долари како кеш и заштеди во банките, како и приватна сопственост вредна 250.000 долари, средства од авторски права од 500.000 долари, како и акции во вредност од 35.000 долари.
Неговата последна желба, според тестаментот од 2016 година е дека голем дел од богатството останува за единственото негово дете – 11-годишната ќерка Аријан