Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако вчера се појави веста дека се случила семејна расправија помеѓу новинарот Саше Ивановски Политико и неговата сопруга Марина, во која интервенирала и полицијата, и двајцата изнесоа свои детали за настанот. Дел од медиумите спомнуваат можна вклученост во расправијата и на градоначалникот на Аеродром Златко Марин.
Вчера објавивме дека се случило физичко насилство во домот на Саше Политико, ноќта на 16-ти спроти 17 јануари при што интервенирала полицијата. Откако прво го негираше настанот, подоцна самиот Саше Политико на неговиот портал објави негова фотографија по настанот на која се гледа дека има повреди и разјасни што се случило:
„Се надевав дека нема случајот да излезе во јавност затоа што не сакав да и наштетам на мојата сега веќе екс сопруга.
Но за жал случајот некако излезе во јавност и ќе морам да ја кажам вистината.
За жал, пред два дена имавме пак кавга со мојата екс сопруга поради нејзината за жал болна љубомора која беше без основа.
Ми беше лута за моето присуство на пресот на министерот Сугаревски, каде до мене седеше новинарка, и таа беше параноична дека јас не смеам да бидам во близина на жени, затоа што тоа било опасност за нашиот брак.
Ваквите кавги траат веќе 5 години, но јас неколку пати ја напуштав и живеев во Кратово сам со месеци кај моите, но пак се враќав во бракот со надеж дека таа ќе престане со паранојата и ќе престанат кавгите.
Но пак се случи нова кавга, 1000-та по ред и пак решив да си одам, но овој пат таа ја заклучи вратата и ми ги зема ташничките со новчаникот и клучевите.
Јас во тој момент се јавив на полиција за да ми помогне да го напуштам домот затоа што не сакав пак да бидам малтретиран цела ноќ со нејзините нервни испади.
Но таа кога виде дека вртам во полиција, зема нож и почна да пробува да се самоповредува па во еден момент реши и мене да ме боде и да ме сече, за што имама повреди на лицето и на ушите.
Целата среќа е што таа во брзината земала тап нож за леб наместо некој остар во врв, тогаш може и ќе ме повредеше многу повеќе и случајот ќе беше многу потрагичен.
Тогаш решив да ја совладам и да ја чекам полицијата да дојде, додека траеше целиот напад од неа полицијата слушаше од другата страна, за среќа стигнаа за само 5 минути се погодила една патрола паш пред нашата зграда и немаше поголеми повреди кон никого освен моите гребаници и секако преплашеноста и траумата на нашиот син кои се надевам брзо ќе ги заборави.
За жал целиот настан го гледаше нашето синче кое беше избезумено и потоа им раскажа на полицајците, им рече, мама го исече тато, на што јас кога го слушнав тоа негово сведочење мислам дека ќе се онесвестев од жал за тоа што ова детенце мораше да гледа сирото тоа ангелче мое најсакано…“, напиша Политико на Мактел.
Веднаш потоа и неговата сопруга Марина Лазаревска Ивановска за дел од медиумите ја раскажа својата верзија:
Никогаш не би ми паднало на памет да започнам насилна расправија со мојот сопруг кој е со поголема физичка сила од мене и со импулсивен карактер, а не пак прва да посегнам по нож за да го нападнам, вели Марина Лазаревска Ивановска, сопругата на Саше Ивановски Политико.
-Во периодот околу 23 часот 17.01 со возило на итната медицинска помош бев пренесена на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар и бев задржана неколку часа за извршување испитувања при што го напуштив КАРИЛ нешто пред 2 часот на 18.01. Тоа е се што ќе изјавам, не би додавала дополнителен сензационализам поради сензибилноста на настанот. Информациите за мојата здравствена состојба поткрепени со извешатаи од специјалисти и извршена визуелизација на моето лице и тело од страна на испекторите на МВР може да ги проследите од соодветните институции. Верувам во органите на правната држава, пишува Лазаревска Ивановска.
За сагата да биде уште поинтересна се погрижи порталот Доказмакедонија кој објави скриншот разговори за кои се тврди дека се од сопругата Марина со градоначалникот на Аеродром Златко Марин.
Истите ги пренесе и весникот Вечер, па можете да ги погледнете таму (клик ОВДЕ).