Детали од договорот за старателство: Бред редовно ќе се тестира за дрога и алкохол


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Судот го одобри договорот за старателство над децата помеѓу Анџелина Џоли и Бред Пит. Со него е утврдено дека актерот редовно ќе се подложува на тестови за алкохол и дрога, а децата со него нема да минуваат празници доколку не го сакаат самите тоа.

Според судскиот документ од 2 декември, Џоли го задржува старателството над Медокс, Пакс, Захара, Шила и близнаците Нокс и Вивиен. Во договорот е дефиниран и тим од пет експерти кои ќе бидат задолжени за менталното здравје во семејството.

Пит и понатаму ќе има договорени посети на терапевт со децата, со кој интересите на децата секогаш ќе бидат на прво место. Исто така, актерот редовно ќе се подложува на тестови за дрога и алкохол, како и неделна индивидуална и групна терапија. Децата, исто така, ќе одат на индивидуални советувања.

„Бред Пит доброволно се согласи на тестовите. Меѓутоа, сега кога судијата ги потпиша документите, тоа стана обврзно“, вели извор за ET.

Истиот извор открива дека после инцидентот во авионот, Бред ги нема насамо видено децата. Договорот не дефинира јасно дали Пит ќе може за празниците да ги гледа децата.

„Ако детето рече дека не сака да го види Бред за Божиќ, психијатарот нема да го присилува на тоа. Таа е целата поента на договорот“, додава изворот.

Промена на договорот е можна ако Бред судски го побара тоа.