Детали од договорот на Кутињо со Барса и бонусите кои ќе ги добива Ливерпул


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Големиот трансфер на Фелипе Кутињо од Ливерпул во Барселона беше завршен во текот на вчерашниот ден.

Кутињо со овој трансфер стана третиот најскап фудбалер во светот и најскапото зимско засилување во историјата.

Нешто подоцна во медиумите се појавија и детали од договорот на Бразилецот со Каталонците.

Најголемиот дел од „колачот“ Ливерпул ќе го добие реалтивно брзо. После 100 одиграни натпревари за Барселона, каталонскиот гигант ќе мора да „црвените“ да им исплати дополнителни 20 милиони евра. Со оглед на тоа дека Кутињо ќе потпише договор на пет ипол години, овој бонус веројатно е загарантиран.

Исто така на „Енфилд“ ќе пристигнат дополнителни пет милиони после само 25 одиграни на Кутињо во дресот на Барселона. Нови пет милиони ќе му бидат исплатени на Ливерпул доколку Барса се пласира во најелитното европско натпреварување и така во првите две сезони, покрај тоа тие би добиле уште пет доколку Барса стигне до титулата во Лигата на шампионите.

Кутињо според новиот договор ќе заработува и до 14 милиони евра по сезона. Дебито на Бразилецот можеме да го чекуваме веќе идната недела на 11 јануари кога Барса на „Камп Ноу“ игра против Селта Виго, пишува Спортски.мк.