Детали од брачниот договор на Георгина и Роналдо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најдобрите и најбогати светски фудбалери Кристиано Роналдо и неговата невенчана сопруга Георгина Родригез имаат потпишано договор за брачна заединца со кој се регулира ситуацијата во случај на нивно разделување.

Деталите за договорот ги изготви агентот на Кристијано, контроверзниот менаџер Жорге Мендеш.

Според ТВ Гај, Кристијано и Георгина го потпишале брачниот договор во 2017 година, кога Горогина била бремена со нивната најстара ќерка Алан Мартин, но тој бил сменет кога едно од нивните две новороденчиња починало во април 2022 година.

Во случај на развод од богатиот фудбалер Кристијано Роналдо, Георгина би ја добила луксузната вила во Мадрид.

Покрај тоа, Кристијано доживотно би и плаќал по 100.000 евра месечна алиментација.