Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скопскиот Основен кривичен суд информира дека по препорака од психијатар се одложува денешната расправа за случајот со Мухамед Зекири.
Имено до судот е доставено ново стручно мислење на вешто лице – психијатар, според кое заради дестабилизација на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели, се вели во соопштението, пренесува Слободен печат.
Обвинителството го товари Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.
На 9 април минатата година на Зекири му беше одредена мерка притвор, која што поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор.
Со оглед да се работи за здравствена состојба, од Основен кривичен суд потенцираат дека судењето ќе биде одложено, а главната расправа ќе се насрочи во координација со останатите странки во постапката, како и согласно препораката на вештото лице, за што јавноста ќе биде дополнително известена.