Despacito манија: Цела планета лудува по овој хит, но знаете ли што значат неговите стихови?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хитот “Despacito”, се шири како вирус низ целата планета и веќе го претрка по прегледи “Gangam style” на Јутјуб.

Некои коментираат дека текстот на песната е бесмислен, а дали е така од преводот кој следува во продолжение.

Полека

Дали знаеш дека некое време те набљудувам?
Морам денеска да танцувам со тебе
Видов дека ме повикуваш со поглед
Покажи ми го патот до тебе

Ти, ти си магнет, а јас сум метал
Ќе се приближам и ќе имам план
Како мислам на тебе, така пулсот се забрзува

Ми се допаѓаш се повеќе
Сите мои сетила бараат повеќе
Ова мора да се сфати без никакви проблеми

Полека,
Сакам да дишам во твојот врат, полека
Дозволи да ти шепотам на уво
Да се сетиш ако не си со мене

Полека,
Сакам да те соблечам со бакнежи, полека
Се потпишав на ѕидовите на твојот лавиринт
И од твоето тело ќе направам цела азбука

Сакам да видам како твојата коса танцува
Сакам да бидам твој ритам
Да научи мојата устата кои се твоите омилени места

Дозволи да ги пречекорам твоите опасни зони
Додека го дразнам твоето вриштење
Да го заборавиш своето презиме

Ако побарам бакнеж, дојди и дај ми го
Знам дека тоа го сакаш,
Имам време за обиди

Душо, тоа е да даваш и да земеш
Знаеш дека твоето срце со мене прави бум бум
Знаеш дека овој пијалок ми прави бум, бум
Дојди пробај ги моите усни да видиш како знаеш,

Сакам, сакам да видам колку те сакам,
Не се брзам, сакам да патуваш со мене,
Почнавме бавно, но потоа побрзо

Чекор по чекор, од нежен уште понежен,
Одиме заедно, малку по малку
Кога ме бакна на тој начин
Видов дека си слатка невоља

Полека,
Сакам да ти дишам во вратот полека
Дозволи да ти шепотам на уво
Да се сетиш ако не си со мене

Полека,

Саам да видам како твојата коса танцува
Сакам да бидам твој ритам
Да научи устата моја кои се твоите омилени места

Дозволи да ги пречекорам твоите опасни зони
Додека го дразнам твоето вриштење
И да го заборавиш своето презиме

Полека,
Да одиме да го правиме тоа на некоја плажа во Порторико,
Додека брановите извикуваат “Ај благословен да бидеш“,
Мојот печат да остане на тебе!