Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Израелските научници го дешифрираа натписот на древен прстен пронајден во шеесетите години на нивна територија, откривајќи дека на него е испишано името на римскиот префект Јудеја Понтиј Пилат, кој според Евангелието, го осудил Исус Христос на смрт.
Како што пишува Харец, натписот е прочитан дури во наше време, со примена на системот на чистење и специјална техника на фотографирање на прстенот. Како што се наведува, името Пилат во тој период било многу ретко.
„Не знам ниту еден друг Пилат од таа епоха, а прстенот укажува на тоа дека се работи за човек на висока позиција“, изјави професорот Дани Шварц.
Како што се претпоставува, прстенот можел да биде користен и како печат и му припаѓал на Пилат и службениците на неговата администрација.