Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според листата од списанието Forbes, Џорџ Лукас, потписникот на режијата на култниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“ е најбогата славна личност во САД.
Богатството на Лукас сега изнесува 5,4 милијарди долари, најмногу благодарение на продажбата на неговата продукциска куќа „LukasFIlm“ на „Disney“ во 2012 година, за сума од 4,1 милијарда долари.
На второ место на листата е режисерот Стивен Спилберг со 3,7 милијарди долари, а трета е водителката Опра Винфри со 2,8 милијарди долари.
Натаму следат поранешниот кошаркар Мајкл Џордан (1,7 милијарди долари), Кајли Џенер (900 милиони долари), раперот Џеј Зи (900 милиони долари), илузионистот Дејвид Коперфилд (875 милиони долари), раперот Пи Диди (825 милиони долари), Тајгер Вудс и писателот Џејмс Патерсон (двајцата по околу 800 милиони долари).