Десетте најбогати фамилии од САД „тежат“ вкупно 530 милијарди долари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Овие десет најбогати семејни династии од Соединетите Американски Држави своите вртоглави богатства и милијарди ги имаат стекнато преку профитот од компаниите основани од нивните претци.

Според статистичките податоци од извештајот на американскиот Институт за политички студии, десетте најбогати американски семејства заедно „тежат“ вртоглави 530 милијарди долари.

„Богатството секое од овие семејства го има стекнато преку профитот од компаниите кои се основани од претходните генерации, нивните родители или подалечните претци“, се наведува во извештајот кој прикажува како богатството преминува од генерација на генерација без прекин.

10. Семејство Кети

Богатството на семејството Кети, сопственици на „Chick-fil-A“, американски ресторан за брза храна, се проценува на 11 милијарди долари.

9. Семејството С.Ц. Џонсон

Своето богатство од 18,2 милијарди долари го изградиле врз основа на производство и продажба на средства за чистење – „Pledge“, „Glade“, „Windex“.

8. Семејството Лаудер

Богатството на семејството Лаудер се проценува на 22,4 милијарди долари. „Estée Lauder“ ја доби првата нарачка од 800 долари за кожа во 1947-ма година. Денес, компанијата има 30 марки на „мејк ап“ брендови, вклучувајќи ги „MAC“ и „Clinique“.

7. Семејството Прицкер

Хотелските магнати Прицкер акумулирале богатство од 26,6 милијарди долари. А.Н. Прицкер и неговите синови, Џеј, Доналд и Роберт, семејното богатство со создадоа вложувајќи во ланецот хотели „Хајат“ и со стартувањето на денес големи бизнис холдинзи, како што е „Марон Груп“.

6. Семејството Кокс

„Cox Enterprises“, компанијата која се занимава со телекомуникации (Cox Communications), медиуми (Cox Media Group) и авто-индстрија, минатата година во приходи има остварено 20 милијарди долари. Денес петте внуци на основачот Џејмс Кокс делат богатство од 37 милијарди долари.

5. Семејството Едвард Ц. Џонсон

Кланот Џонсон е „тежок“ 38,7 милијарди долари. Растот го започна Едвард Ц. Џонсон, основач на вториот по ред фонд на светот „Fidelity“.

4. Семејството Каргил-МекМилан

Компанијата „Cargill“, со традиција во агробизнисот од 1865-та година, денес на семејството Каргил-МекМилан има богатство вредно 38,8 милијарди долари.

3. Семејството Марс

Чоколадниот клан собра 72 милијарди долари со богатство преку чоколадите „Mars“, „M&M“ и „Milky Ways“. Шест членови на семејството се наоѓаат на листата на
„Форбс“ на 400-те најбогати.

2. Семејството Кох

Нафтеното семејство изгради богатство од 107 милијарди долари. Браќата Чарлс и Дејвид ја развија рафинериската компанија на нивниот татко до конгломерат кој годишно остварува приходи од 100 милијарди долари.

1. Семејството Волтон

Најбогатата династија во САД чие богатство се искачи до 169,7 милијарди долари се сопствениците на најголемиот трговски ланец на светот „Walmart“, кој во 1962-ра година го основаа Сем и Бад Валтон. Од продажба годишно тие остваруваат 500 милијарди долари, а богатството се дели на седумте членови на семејството, додека Алис Волтон, со речиси со една третина удел од 44,9 милијарди долари е најбогатата жена на светот.