„Десетката“ на Еди Марфи во божиќно издание


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Десет деца од пет жени – таа е статистиката на делот со прво колено наследници од семејното стебло на холивудскиот актер Еди Марфи, кој на почетокот од овој месец го доби десеттото дете, синот Макс Чарлс.

Иако не може да се види премногу често во друштво на своите многубројни деца, неговата ќерка Брија Марфи (29) по повод Божик објави фотографија на „Инстаграм“ на која 57-годишниот Марфи позира со своите десет деца.

Покрај едномесечниот син Макс, на фотографијата е и ќерката Изи Он (2), која исто така ја доби со свршеницата, инаку манекенка, Пејџ Бачер (39). Двојката е во врска од 2012 година, а се запознале во 2006 година на снимањето на филмот „Куќата на дебелата мама“. На почетокот на врската тие ретко се појавуваа во јавноста, а уште поретко зборуваа за својата врска.

Освен синот Макс и ќерката Изи, Марфи има уште осум деца што ги доби со четири различни жени. Тоа се неговиот најстар син Ерик (29), Брија (29), Мајлс (26), Шејн (24), Зола (18), Бела Захра (16), Кристијан (28) и Ејнџел (11).