Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Рафаел Надал ја освои титулата на Мастерсот во Монте Карло. Тој во два сета 6:1, 6:3 беше подобар од Алберт Рамос-Вињолас.
Шпанецот Рафаел Надал испиша историја на современиот тенис, тој во Монте Карло ја освои својата десетта титула, со што стана првиот тенисер во опен ерата, со двоцифрен број на освоени титули на еден турнир.
Надал, во Монте Карло, го одигра своето 11-то финале на турнирот, на кој има само еден пораз, пред четири години загуби од Новак Ѓоковиќ.
„Бикот од Мајорка“, го прегази Рамос-Вињолас, кој на претходните три меча, на патот до финалето, во просечно на теренот минуваше по два и пол часа.
Надал првиот сет го доби за 31 минута, а вториот за 46.минути.