Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанската влада ќе плати до 17 милијарди евра за спасување на две венецијански банки кои на кои им се заканува банкрот и кои ја загрозуваат безбедноста на банкарскиот систем во земјата, соопштија од владата во Рим.
Претходно од Брисел ги повикаа италијанските власти да подготват план за спас Banca Popolare di Vicenza и Veneto Banca, пренесе AFP.
Одлуката доаѓа помалку од еден месец откако антимонополскиот орган на Европската унија одобри план за спас на третата најголема банка во земјата Monte dei Paschi di Siena (BMPS), која доживува финансиски тешкотии од финансиската криза наваму.
Спасувачката програма за двете венецијански банки ќе биде остварена со помош на една од најголемите банки во земјата, Intesa Sanpaolo, која ќе ги откупи најдобрите средства на финансиските институции, за да се заштити имотот на корисниците и да ја намали кратенката на персонал.
Од Европската комисија изјавија во соопштението дека ги одобриле, во рамките на европското законодавство, италијанските мерки за ублажување на ликвидацијата на Banca Popolare di Vicenza и Veneto Banca. Според зборовите на европскиот комесар за конкуренција Маргрете Вестагер Италија смета на тоа како неопходна државна помош, за да избегне економски пречки во регионот Венето. Таа додаде и дека Италија ќе ја поддржи продажбата и обединување на некои средства и трансфер на вработени кон Intesa Sanpaolo.
Италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоа изјави дека ќе бидат одвоени 4,785 милијарди евра за да се одржува капитализација на Intesa Sanpaolo, што е главен услов на банката, за да се вклучи во спасувачкиот план.
Вкупно ресурсите кои ќе бидат мобилизирани можат да достигнат до максимум 17 милијарди евра – но непосредните трошоци за државата се малку повеќе од 5 милијарди, додаде уште Падоа.