Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во сообраќајна несреќа во Куманово, кумановец со автомобил удри десетгодишно дете кое како последица на ударот со тешки повреди било пренесено во болница.
Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 17.25 часот на улицата „Доне Божинов“ кога „Фолксваген Шаран“, со австриски национални ознаки, управуван од Ѓ. А. (47) од Куманово, удрил во 10-годишен пешак од Куманово.
Детето со тешки повреди било пренесено во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Куманово.