Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во метална кутија која датира од периодот на Првата светска војна, која беше дел од предметите кои му припаѓале на британскиот воен херој Ричард Булмор, беа пронајдени девет парчиња чоколада стари 103 години.
На англиските војници стационирани во Франција за Божик ми биле поделени метални кутии со подароци. Од металната кутија на Булмор е изедено само едно од десетте парчиња чоколада.
Кутијата со чоколада стара 103 години заедно со останатите предмети на војникот ќе биде понудена на аукција во вторник.
Меѓу останатите предмети на војникот има и подарок кутија со цигари, тутун и шкорчиња. Интересно е дека и кутијата со цигари е речиси недопрена, бидејќи недостасуваат само три цигари.
Ричард Булмор е одликуван со повеќе медали за храброст, а по завршувањето на Првата светска војна се вработува во полиција, каде кариерата ќе ја заврши со чин началник. Умира во јануари 1967 година во Лестершир.