Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дербито на денот во вторник во Лигата на Шампионите ќе се одигра во Германија, каде Борусија Дортмунд ќе го пречека бранителот на трофејот Реал Мадрид. Дортмунд е во извонредна форма, додека Реал е во мала криза но нивните меѓусебни дуели досега се гаранција дека ќе следиме еден крајно неизвесен и интересен меч со многу голови и на двете страни.
Двете екипи и минатата сезона беа во иста група
Интересно овие две екипи и минатата сезона беа во иста група во Лигата на Шампиони. Тогаш двата меча завршија нерешено и со идентичен резултат 2:2, но Реал во групата одигра изненадувачко реми и со Легија во Варшава па Дортмунд заврши на првото место со два бода предност. Сепак тоа не ги расипа плановите во Реал Мадрид, екипата остана мирна и покажа дека знае како да одигра на резултат во Лигата на Шампионите па на крајот го крена престижниот трофеј и стана првата екипа која две години по ред станува шампион на Европа, пишува Kladenje.mk.
Реал Мадрид во резултатска криза
Реал Мадрид е во мала резултатска криза и на последните 5 меча во Ла Лига забележа по две победи и нерешени средби и еден пораз, со што факт е дека стартот насезоната е спротивен на очекувањата. Начинот на кој Реал Мадрид стигна до втората шампионска титула по ред минатата сезона, настапот во финалето и победата од 4:1 над Јувентус како и освојувањето на Супер Купот на УЕФА во Скопје и Супер Купот на Шпанија остави впечаток дека шпанските шампиони се убедливо најдобриот тим на континентот и дека сезонава поторно ќе се прошетаат низ Европа, но суспензијата на Роналдо од 5 натпревари се покажа како кобна за тимот и лошите резултати дојдоа сами по себе. Сезонава Реал Мадрид нема значајни засилувања, но конечно….
ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ ПОРТАЛ КЛАДЕЊЕ.МК