Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека ветеранот Вејн Руни од јануари се враќа во Англија, пишува Спортски.мк.
Руни се враќа на Островот и ќе биде играч-тренер во тимот на Дерби Каунти во Чемпионшип.
Набрзо по потврдата на ангажманот на Руни беше откриено дека тој во Дерби ќе заработува 100.000 фунти неделно, па англиските медиуми си го поставија прашањето – има ли Дерби толку пари?
Според информациите првиот човек на клубот Мел Морис направил измама за да го заобиколи финанскиот фер-плеј и преку негова фирма го спонзорирал договорот на ветеранот.
На оваа ситуација реагираа Барнли и ВБА. Тешко е да се верува меѓутоа останува мала можност дека трансферот на Руни би можел да биде поништен.
Претходно во Чемпионшип поради непочитување на финанискиот фер-плеј Бирмингем заработи казна од минус девет бодови.
Извор: Спортски.мк