Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова е едно од најголемите и најстарите дерби натпревари во Англија. Битката за Ливерпул секогаш нуди интересни, неизвесни средби со многу борба, како на теренот, така и на трибините. Така ќе биде и овој пат, без разлика што Ливерпул има многу подобар, поквалитетен тим од гратскиот ривал.
Евертон одамна нема победено во битката за Ливерпул
Тимот на Клоп се наоѓа во извонредна форма во англиската Премиер Лига и досега има 10 победи и само три ремија. Сепак, во ова дерби Ливерпул ќе влезе по поразот од ПСЖ во Лигата на Шампиони од 2:1 во Париз. Евертон имаше одличен летен трансфер период и нивните засилувања полека но сигурно влегуваат во добар ритам. Сега оваа екипа има огромни амбиции сезонава. Тимот вложи доста пари во нови засилувања и како тие се привикнуваат но новиот тим, така Евертон оди нагоре на табелата па во моментов се наоѓа на одличното 6-то место. На меѓусебните мечеви на овие две екипи, сите овие информации се неважни и речиси секогаш пресудуваат нијанси. Сепак Евертон последната победа во меѓусебните дуели ја забележа пред речиси 9 години и таа негативна серија се очекува да биде продолжена.
Ливерпул е во одлична форма, но во овој дуел влегува по пораз
Ливерпул доживеа значителен удар во средината на неделата, загуби со 2:1 од ПСЖ, кој го става во прашање нивниот напредок во Лигата на шампионите. Тие ќе сакаат да се вратат на вистински пат со победа над соседите веќе овој викенд. За да нема никакви сомнежи за формата на Ливерпул, потенцираме дека тие заостануваат само два бода зад Манчестер Сити и се без пораз сезонава во лигата. Ова дерби традиционално е тешко за игра, но Ливерпул наиде на мали проблеми против Евертон во последниве години на Енфилд.
Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk