Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арсенал го пречекува Тотенхем во големото дерби на Лондон. Овој меч привлекува огромно внимание деновиве на островот, а има и зошто. Меѓусебе ќе играат две офанзивни екипи, предводени од неверојатни тактичари од клупата па јасно е дека ќе следиме еден супер меч со многу големо тактичко надмудрување од двете страни.
Двете екипи можат да се пофалат со тактичка флексибилност
Победата од 3:1 над Челзи минатиот викенд беше веројатно најимпресивната игра на Тотенхем во Премиер Лигата сезонава. Формирањето на дијамантот во средината на Маурисио Покетино беше неверојатна, па сега дури се поставуваат прашања во Англија за тактичкиот пристап на Маурицио Сари, кој според британците е лесно прочитлив. Во средината на неделата победата со 1:0 над Интер, беше извојувана со помалку течна игра, но ја покажа отпорноста на Тотенхем и затоа Спарс ќе влезе во овој меч со неверојатна атмосфера. А кога се во прашање вакви дерби дуели, гратски дербија, атмосферата може да се покаже како клучна. Тие ќе го започнат овој натпревар, сепак како мали аутсајдери.
Формата на Арсенал пак во последниве неколку недели беше помалку импресивна, иако Унаи Емери исто така имаше и добар тактички обид минатиот викенд во префрлањето во 3-4-3 формација за победа од 1:2 против одличниот сезонава Бурнемут. Донекаде комплексното патување во Украина не треба да биде целосно релевантно, бидејќи поголемиот дел од големите имиња на Арсенал беа одморени против Ворскла во четвртокот.
Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk