Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првото дерби на Мундијалот и тоа како ги оправда очекувањата!
Португалија и Шпанија одиграа фантастичен натпревар со пресврт, многу шанси на двете страни и шест погодоци!
Португалија рано уште во четвртата минута стигна до предност. Кристиано Роналдо изнуди пенал и тоа во дуел со својот соиграч од Реал, Начо. Истиот го претвори и во погодок.
Изедначувањето стигна 20 минути подоцна. Диего Коста на мајсторски начин си создаде простор покрај двајца Португалци во одбраната и на крајот штуриаше и го совлада Руи Патрисио.
Шпанија по овој погодок беше подобрата репрезентација. Сепак, за Португалците повторно тука беше Роналдо. На една минтуа пред истекот на првите 45 минути Роналдо упати удар надвор од шеснаесетникот, а по несвојствената грешка на Де Геа топката заврши во мрежата.
Во вториот дел сликата на теренот се промени. Шпанија ја превзма контролата, Португалците како да се повлекоа.
Диего Коста после една воиграна акција во 55 минута го постигна вториот гол за изедначување на 2:2. Само три минути подоцна целосен пресврт!
Начо кој беше виновник за првиот гол погодува со фантастичен волеј удар за пресврт и гол кој се покажа како доволен за првите три бода на „Фуријата“ на Мундијалот.
Шпанија ја превзема контролата во продолжение од натпреварот, но никогаш не можете да бидете сигурни кога против себе го имете Кристиано Роналдо.
Пике беше невнимателен и во 88 минута направи прекршок во опасната зона. Прекршокот во еврогол го претвори кој друг ако не Роналдо за конечни Португалија – Шпанија 3:3 или ако повеќе сакате Роналдо – Шпанија 3:3.