Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Следното коло на програмата во Серија А е големото миланско дерби „дела Мадонина“, но Милан и Интер ќе играат уште еден многу важен натпревар за потписот на Николо Барела.
Младиот играч за врска игра фантастично во дресот на Каљари, а неодамна го одигра и првиот меч за италијанската репрезентација каде доби најдобра оценка од критичарите.
Барела важи за еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал, а по стилот на игра многу потсетува на Наинголан.
За него силен интерес покажуваат многу европски гиганти, но медиумите тврдат дека главната битка ќе се води помеѓу Милан и Интер.
Миланските гиганти веќе оствариле контакт со менаџерот на 21-годишниот Италијанец чија моментална вредност изнесува околу 40 милиони евра.