Der Spiegel го доби Роналдо на суд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германскиот весник Der Spiegel објави дека е успешна и прифатена нивната жалба на пресудата од 2017 година со која им е забрането да објавуваат вести и статии поврзани со португалскиот фудбалер и играч на Јувентус, Кристиано Роналдо.

Псле истрагата на 60 новинари и информациите кои ги даде Football Leaks, Der Spiegel објави дека Кристиано Роналдо правел измами во однос на плаќањето данок и затајувал даночни обврски.

Неговиот адвокатски тим случајот го пријавија на суд. Од судот на германскиот весник му забранија да објавува статии и информации поврзани со даночните обврски на Роналдо, а им беше и упатена закана со казна од 250.000 евра.

Во текот на судскиот процес, адвокатскиот тим од Кристиано Роналдо го обвинуваше Der Spiegel за користење документи кои се добиени на недоличен начин, но не го демантираа даночното затајување од страна на фудбалерот за кое пишуваше весникот и точноста на извештајот за тоа.

Der Spiegel ги отстрани сите статии и написи од својата дигитална верзија поврзани со Роналдо, но судски ја обжали пресудата која беше изречена. Две години подоцна, списанието сепак успеа да ја истера правдата до крај и да ја изнесе вистината на површина, добивајќи го судскиот спор со Роналдо.