Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Луѓето кои боледуваат од депресија можат да измаат проблеми со разликувањето на слични спомени, покажуваат новите студии.
Депресијата може да предизвика бројни проблеми, вкучувајќи недостаток на сон и високо ниво на стрес. Истражувачи од Универзитетот „Бригам Јанг“ во Јута одлучија да истражат постои ли врска помеѓу депресијата и проблемите со памтењето.
Проблемите со памтењето и мешањето на спомени настанува кога личноста не е во состојба да прифатат нова информација поради претходните мисли или спомени.
Професорите Доналд Шелтон и Брок Кирван спроведоа тест со над 98 возрасни луѓе.
Учесниците, пополнувајќи прашалници мораат да оценат според бројните аспекти на својот живот, нивото на анксиозност и депресијата. Го бележеа квалитетот на сонот и колку вежбаат.
Истражувачите приметија дека депресивните личности имаат лоши резултати на останатите тестови. Нив на екранот им биле презентирани познати и непознати предмети. Личностите кои пателе од депресија имале проблем да разликуваат слични објекти.
Стручнаците наведуваат дека е важно да се знае дека тоа не значи дека патат од амнезија, туку веројатно од недостаток на дел од паметењето како резултат на лошото ментално здравје.
Научниците се надеваат дека резултатите од овие студии ќе помогнат во пронаоѓањето на подобра терапија за личностите кои патат од депресија.