Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најгорливите социјално-еколошки проблеми кои со децении го мачи Скопје се импровизираните живеалишта во градов – Вардариште, под Калето, Керамидница.
Само во Вардариште, од каде постојано гори и чади, живеат околу 400 Роми. Низ цела Македонија во градовите има вакви Ромски импровизирани населби, пишува „О2 Иницијатива“.
Од аспект на загадување проблемот е масивен. Од аспект на социјала е ужасен. Дел од овие лица се т.н. фантоми, лица без документи, дел се дојдени од Косово. Во 2011 утврдени се 441 „фантоми“ во земјава, а годишно се решаваат само околу 30-50 вакви случаи.
Децата кои не одат во училиште се првите изложени на ужасното загадување од импровизираните живеалишта, од горењето на гуми и друг отпад во зима за греење, од бизнисот на палење на кабли за да се дојде до бакарот, што се продава на црно (1кг за 200 до 300 денари). Други собираат пластични шишиња и картони кои ги продаваат во откупните центри за отпад, (за 1кг пластични шишиња се добиваат по 13 денари, за една голема вреќа пластични шишиња се добиваат околу 220 денари).
Група која гори кабли може да заработи до 2-3.000 денари на ден. Еден собирач дневно може да заработи меѓу 200-300 до 1.000 денари.
Фото: Колектиф.мк
Цела репортажа за овие фрапантни појави во главниот град можете да ја прочитате на Мета.мк