Депонијата во Скопје е казнета, но сепак продолжува со престапот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


8.500 евра беше казнета скопската депонија „Дрисла“ затоа што незаконски горела медицински отпад во печката 24 часа на ден и го загадувала воздухот во Скопје, пренесе Телма.

Државниот инспекторат за животна средина ги казнил, се спогодил со компанијата во наредните 70 дена да постави филтер, но и истот така им дозволил да продолжат да работат.

Осум големи енергетски и индустриски капацитети во Скопје не загадувале, покажале не највените контроли на само тројцата државни инспектори задолжени за Скопје. Јалови биле инспекциите и кај помалите загадувачи за кој жителите на Карпош и Аеродром пријавувале дека оттаму мириса во ноќните часови.

Богдановски, побарал и добил од владата нови 10 милиони денари буџет за инспекторат. Од сегашните 15, бројот на инспектори ќе го зголеми за нови 7. Пред јавноста соопшти и дека ќе се менува и законот за инспекција, за во иднина државниот инспекторат да може да ги казнува општинските инспектори кои не постапувале. И со овие зкаонски промени градоначалниците и нема да можат да се казнуваат ако не се грижеле за животната средина.