Депардје контра Путин – од Кремљ му порачаа дека не ја разбира работата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот актер Жерар Депардје, кој пред девет години беше почестен со руско државјанство, стро ја критикуваше инвазијата на Украина од страна Русија.

-Рускиот народ не е одговорен за лудите, неприфатливи испади на нивните лидери како Владимир Путин во Украина, изјавил Депардје.

Тој ја напушти родната Франција и зеде руско државјанство во 2013 година во знак на протест против предложеното зголемување на даноците за богатите во неговата татковина.

Откако доби руско државјанство, тој често ја фалеше Русија , нарекувајќи ја „голема демократија“ и го фалеше Путин. Од моментот кога започна војната во Украина, актерот го изрази своето противење на руската инвазија.

Од Кремљ му одговорија дека не разбира што се случува и не знае што се Доњецк и Луганск.

-Мислам дека Депардје не разбира што се случува, бидејќи тој не е целосно навлезен во политичките актуелни работи. Не знае што се Доњецк и Луганск, не знае за бомбардирањето на цивили. Доколку е потребно, спремни сме да му раскажеме и да му објасниме за подобро да разбере. Ако посака, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.