Деп во паб во Њукасл ја прослави судската победа против бившата сопруга Амбер Херд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Актерот Џони Деп победата во судскиот спорт со неговата бивша сопруга Амбер Херд ја прослави во паб во Њукасл со музичарите Џеф Бек и Сем Фендер.

Посетителите на пабот го снимиле Деп како ужива во пиво во друштво на пријателите и со насмевка на лицето, а фотографиите и снимките ги преплавија социјалните мрежи. Актерот со задоволство позира со обожавателите.

Тој не беше на читањето на пресудата поради деловните обврски во Велика Британија. Пресудата беше донесена вчера попладне во судница во Ферфакс, Вирџинија. Поротата заклучи дека Херд (36) мора да му плати на Деп (58) 15 милиони долари отштета за клевета.

Во опширната изјава за The Post, која ја сподели на Инстаграм, Деп реагираше на пресудата преку портпаролот.

„Пред шест години мојот живот, животите на моите деца, животите на најблиските, а исто така и животите на луѓето кои ме поддржуваа многу, многу години и веруваа во мене засекогаш, се сменија. Додека трепнеш, “ започна тој.

„Преку медиумите беа упатени лажни, многу сериозни и казниви обвиненија против мене, што предизвика бескрајна омраза, иако никогаш не сум бил виновен. Обвинувањата го обиколија светот за наносекунди и имаа сеизмички влијание врз мојот живот и мојот кариера.

Шест години подоцна, поротата ми го врати животот. Навистина сум среќен. Мојата одлука да продолжам со овој случај, знаејќи ја многу добро висината на правните пречки со кои требаше да се соочам, да се изложам на светскиот спектакл, беше донесена дури по долго размислување.

Од самиот почеток, целта на покренувањето на овој случај беше да се открие вистината, без разлика на исходот. Зборувањето на вистината беше нешто што им го должев на моите деца и на сите оние кои ми останаа верни. Се чувствувам смирен знаејќи дека конечно го постигнав тоа“, рече тој.