Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вокална интерпретација на поетската творба „Денови“ од Кочо Рацин во изведба на познатиот пејачки тандем Маријана и Росана. Аранжамнот е на Миодраг Божиновски.
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.
Денови ли се –
денови аргатски маки големи!
Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –
ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!
Роди се човек – роб биди
роди се човек – скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.
За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!
За себе само р’гај си
за себе маки тргај си –
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен.