Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Москва ќе се сретне со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
Вчера патријархот на Руската православна црква Кирил, на свечена церемонија што се одржа во храмот Христос Спасител во Москва, на претседателот Иванов му ја врачи наградата Неговата светост патријарх московски и на цела Русија Алексеј Втори со која е одликуван за 2016 година.
Престижната меѓународна награда која му се доделува на претседателот Иванов е признание на неговите заложби во зајакнување на меѓуправославните односи, улогата на религијата во општеството и воспоставување, односно јакнење на принципите на верска толеранција.
Иванов претходно оствари средби со Патријархот на Руската православна црква, Кирил и со епископ Тихон, викар на патријархот московски и на цела Русија.