Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информира УХМР. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот од југозападен. Дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 27 степени.
Под влијание на влажен и студен воздушен бран од утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.
Во понеделник попладне во источните и југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и ноќта ќе го промени правецот во северен. Во вечерните и ноќните часови на високите планини на север врнежите ќе поминуваат во снег.
Врнежите ќе продолжат и во вторник, на повисоките планини во северозападните делови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува и засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура на воздухот која ќе се движи во интервалот од 8 до 15 степени. Во средa ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер.