Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денеска и утре во Тирана лидерите на Албанија, Србија и Македонија, македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама, ќе бидат дел од средбата на иницијативата Отворен Балкан. На оваа средба, меѓу другото, се очекува да биде потпишан Меморандум за работни визи меѓу трите земји.
Пред одржувањето на состанокот Заев, Вучиќ и Рама со отворено писмо ги канат соседните земји од регионот да ѝ се придружат на иницијативата Отворен Балкан. „Крајно време е сите народи и луѓе во регионот да се обединат за подобра заедничка иднина. Таа која нуди стабилност, мир и подобар животен стандард за сите, се вели во писмото на отворен Балкан“, се наведува во писмото.
По веста за средбата поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша повика на национални протести, кои, како што изјави, се први во рамките на „револуцијата” и имаат две главни цели, против Отворен Балкан и против националната кражба, односно, според него, обидите на Рама и Вучиќ за поделба на Косово. „На 20 декември народот е на протест. Завршува непријателското антиалбанско сценарио на „Отворен Балкан” што е замена за Берлинскиот процес со онаа на Путин. Предупредив дека ќе има национални протести“, рече Бериша.
Гостувајќи во телевизиска емисија тој го повтори предупредувањето до Вучиќ да не помислува да дојде во Тирана, затоа што ќе има полни улици и плоштади против него, што го кажа и на Националното собрание на 11 декември. „Отворен Балкан е српски хегемонистички Балкан. Тоа е Балкан на руска инфлуенца, на антинационални и антиевропски интерес, тоа е проект кој бара од Албанците да го заменат Берлинскиот процес со процесот на Путин“, рече Бериша.