Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денешниот ден 7.10. 2017 е посебен бидејќи се чита од двете страни исто – значи од десно на лево и лево на десно го добивате истиот број.
Го нарекуваат палендромски датум, а причината е многу едноставна!
Палиндром е збор, број или датум, кој наназад се чита исто. Она што денешниот датум го прави единствен е фактот дека октомври има по еден палиндромски ден во годината, почнувајќи од 2011, па се до 2020 година.
Интересно е и тоа дека поради поинаквото пишување на датумите палиндромските денови се паѓаат во различни периоди од годината.
Во Индија на пример при пишување на датумот прво се наведува денот, па месецот и на крај годината, што значи дека према нив 7-ми октомври е палиндромски датум.
За разлика од нив Американците прво го истакнуваат месецот, па денот и на крајот годината, што значи дека кај нив палиндромскиот датум се паѓа во јули.
Тоа значи дека според нивното сметање секоја година вториот месец има палиндромски датум.
Луѓето кои се родени на денешен ден важат како многу посебни луѓе. Меѓу нив е и рускиот претседател Владимир Путин, но и германскиот нацистички политичар Хајнрих Химлер.