Денешната младина е тажна приказна: Таа е првата личност која собра над 100 милиони следбеници на Тик Ток – еве што објавува таму


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Чарли Дамелио е првата корисничка на Тик Ток која собра 100 милиони следбеници на оваа социјална платформа, оставајќи ги така зад себе ѕвездите како Ариана Гранде, Кајли Џенер и Селена Гомез.

„Собрав над 100 милиони следачи на Тик Ток. Не знам ни како да реагирам, затоа што не сум свесна дека е ова вистина. Едноставно, искрено не знам што да правам. Сама сум во својот тоалет и ги гледам објавите на Твитер, а јас искрено не знам што да правам. Толку сум збунета. Пред нешто повеќе од една година бев во Конетикат и редовно се школував, не правејќи ништо, а сега живеам во Лос Анџелес и ги имам најдобрите пријатели. Да нема пандемија, би сакала веднаш да се сретнам и да се поздравам со сите 100 милиони луѓе. Но тоа сега не е возможно“, рекла Чарли.

Освен што има најмногу следачи на оваа социјална мрежа, Чарли урнала уште еден рекорд. Имено, таа собра 100 милиони следачи во рекорден рок. На Јутјуб биле потребни 14 години за некој корисник на оваа платформа да собере толкав број на следачи, додека 16 годишната Чарли на Тик Ток тоа го направи за година и пол.

@charlidameliogood morning love bugs

♬ white walls – favsoundds

Таа својот Тик Ток профил го направила во мај 2019, каде објавува снимки на кои игра во својата соба.

Бројката од 100 милиони е голем успех и за самата Тик Ток Апликација.