Денес значително потопло со температура до 16 степени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето денеска ќе биде значително потопло со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и ноќните часови претежно на запад и краен исток ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од снег, соопшти УХРМ.

Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на повисоките места и во јужните делови. Температурата ќе се движи од 7 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, во текот на денот со сочеви периоди и со слаб до умерен југозападен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Максималната дневна температура ќе достигне 10 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Претпладне ќе има слаби локални врнежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен на планините. Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка. Потоа во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, претежно на запад.