Денес жените се породуваат подолго од нивните баби и прабаби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На мајките денес им требаат во просек околу шест и пол часа за да се породат, додека пред 50 години просечното породување траело едвај четири часа, покажуваат податоците од една студија, во која биле споредени речиси 140.000 породувања во овие два временски периода.

Причините за подолгото породување не се целосно јасни. Можеби имаат врска со разликите меѓу денешните мајки и нивните баби. На пример денес жените првпат стануваат мајки во просек четири години подоцна, имаат поголема телесна тежина и психички се поинакви. И денешните бебиња се потешки во просек за повеќе од сто грама, отколу што тоа било во ’60-те години на минатиот век.

Авторите на студијата велат дека сепак најважни причини за подолгото породување се методите на гинеколозите, а не промените кај пациентките. Една од причините, кои експертите ја наведуваат е порастот на употребата на епидуралната анестезија во текот на породувањето.

Епидуралната анестезија го продолжува породувањето за околу 40 до 90 минути, но секако, тоа е многу прифатена пракса за помош при регулирање на болките при породувањето. Во САД до 85 проценти  од современите жени на породувањето користат епидурална анестезија. Кога ќе се прими епидуралната анестезија жената легнува во креветот за породување. Во доцните ’50-ти и раните ’60-ти години на минатиот век жените повеќе шетале и се движеле до самото породување.

Уште една голема промена е тоа што денес се повеќе жени имаат индуцирано породувања, Со други зборови помалку им се дозволува спонтано да влезат во породилната сала, па секоја трета жена спонатано се породува.