Денес завршува доминацијата на Меси и Роналдо!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес во Париз на специјална церемонија организирана од „Франс Фудбал“ ќе биде доделена најпрестижната индивидуална фудбалска награда „Златна топка“.

Традиционално најдобриот фудбалер во светот се бира на крајот на годината, а „Франс Фудбал“ организира фантастична церемонија. Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат доделувањата бидејќи многумина веруваат дека ова ќе биде крај на доминацијата на Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Меси и Роналдо „владеат“ со фудбалот веќе десет години и освоија по пет „Златни топки“. Иако Португалецот имаше одлична година и е меѓу финалистите, сепак се чини дека нема да ја добие престижната награда.

Најмногу шанси му се даваат на Лука Модриќ, кој беше избран за фудбалер на годината и според ФИФА. Некои еминентни медиуми од свои извори потврдија дека Хрватот ќе ја добие наградата, а Роналдо воопшто нема да присуствува на церемонијата.

Церемонијата во Париз почнува вечерва во 21 часот, а според медиумите Роналдо ќе биде на второ место, Гризман на трето, додека Мбапе ќе биде избран за најдобар млад фудбалер во светот.